Се одржаа Собирите со граѓаните од урбаните заедници

Во големата сала на домот на АРМ, синоќа, се одржаа Собирите со граѓаните од урбаните заедници. Градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници со граѓаните разговараа за актуелните состојби во овие заедници, но и ги утврдуваа приоритетите за буџетската 2019 година. Реконструкција на улици, проширување на зонското паркирање, подобрување на уличното осветлување, подигнување на шахтите на улиците, повисоко ниво на комуналната хигиена, поголема безбедност на пешаците, се дел од предлозите што ги дадоа граѓаните. Собирите продолжуваат утревечер (14.11.2018 година) во населените места Вељуса, Водоча и Баница.