Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи втората форумска сесија која што е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2018/2019 година. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината. На втората буџетска форумска сесија присутните ќе имаат можност да се запознаат со остварените приходи во буџетот во 2018, планирани приходи во буџетот во 2019 и планираните расходи за развојни програми за 2019 и да направат избор на програми за дискусија на наредните сесии.