Претставници од Општинскиот совет за БСП, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување, во рамките на акцијата „Безбедни училишта-безбедни првачиња“, на учениците од прво одделение во подрачното училиште во село Банско, им доделија флуоресцентни безбедносни елечиња. На учениците им беа објаснети сообраќајните правила за однесувањето на учесниците во сообраќајот, особено како да стигнат безбедно од дома до училиштето и назад кон својот дом. Безбедносните елечиња се дадени на трајно користење на учениците од прво одделение. Општина Струмица, во соработка со Општинскиот совет за БСП, континуирано ја дава поддршката за подобрување на сообраќајната инфраструктура пред училиштата, а во соработка со МВР-СВР Струмица, обезбедува услови за едукативно-превентивни активности за учениците во општинските основни училишта.