Градоначалникот Јаневски на одбележувањето на празникот Водици на базенот „Аквариус“

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, денеска, присуствуваше на фрлањето на светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ по повод празникот Водици. Иако ретко, но сепак се случи, наместо еден да бидат фрлени два крста поради студената вода и долгото барање на првофрлениот крст. Од името на Општина Струмица, градоначалникот Јаневски подари Крст реликвијар од локалитетот „Цареви кули“ и им посака многу здравје, среќа и успех на Илија Неделков и Атанас Божинов кои од водите на Аквариус ги извадија двата крста. На сите православни верници, градоначалникот Јаневски им го честита големиот христијански празник Водици.