Заврши поставувањето на нова термичка фасада на средното општинско училиште „Јане Сандански“. Овој проект е реализиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во соработка со општина Струмица и училиштето. Во финансиската конструкција УСАИД учествуваше со 1.068.928 денари, а општина Струмица со 126.600 денари. Градежните работи ги изведе фирмата Еуро Монта од Струмица.
Поставувањето на новата термичка фасада е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието која што опфаќа три компоненти, меѓу кои и стимул за училиштата – реновирање. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во октомври минатата година меѓу општина Струмица, УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско образование и училиштата вклучени во компонентата за реновирање и со реализацијата на овој проект, општина Струмица уште еднаш потврди дека иницира и ги поддржува сите проекти со кои што се подобруваат условите во основните и средните училишта.