Општина Струмица денеска ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. На пригодната свеченост која што се одржа пред неговиот Споменик на градскиот плоштад, за животот и делото на Делчев зборуваше градоначалникот Коста Јаневски. Времето неповратно ита низ патиштата на минливоста, па како да сака да ја потврди веродостојноста на изреката: „се тече, се се менува“.