Советот на општина Струмица денеска ја одржа 19-та седница на која што беа усвоени Програмата за работа на Советот за 2019 година, одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на општината и за 2019 година во висина од три илјади денари, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.