Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска, во ресторанот „Вила парк“ одржаа работна средба со претставници на бизнис секторот од општина Струмица и струмичкиот регион. Срдечно добредојде и успешна работа на сите присутни на средбата им посака градоначалникот Коста Јаневски при што истакна дека Владата дава силен напор за поддршка на стопанствениците и бизнис секторот, бидејќи како што рече, вие сте двигатели на економијата на нашето општество.
Целта на средбата беше одблиску да се разменат размислувањата за економската состојба и да се презентираат економските политики и мерки за поддршка на приватниот сектород страна на Владата, а кои обезбедуваат економски просперитет на државата.