Почитувани граѓани од муслиманска вероисповед,
Големиот исламски празник Рамазан Бајрам, како еден од Вашите два најголеми верски празника, нека ви ги исполни срцата и душите со радост, добрина и благодат. Завршувањето на Рамазанските пости нека биде триумф и круна на Вашата посветеност кон универзалните вредности, како што се љубовта, разбирањето и милосрдието. Од мое лично име и од името на вработените во Општина Струмица, Ви го честитам празникот, посакувајќи ви добро здравје, лична и семејна среќа и хармонија и топлина во Вашите домови. Нека Ви е за многу години Рамазан Бајрам.