Градоначалникот Јаневски на средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние

Со моите соработници денеска остваривме средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние. Освен за односот на двете држави кој што беше оценет како пријателски со заеднички желби за унапредување на напредокот кој што Република Северна Македонија го покажа во последните три години, разговаравме и за реализација на општински проекти преку француската Агенција за развој од областа на животната средина, урбанизмот и образованието. Во оваа прилика ја потврдив желбата и капацитетот на Општината во реализацијата на проекти кои што ќе го подобрат животот на граѓаните.