На денешната 25-та седница на Советот на општина Струмица беа донесени повеќе одлуки од областа на урбанизмот, одлуки, решенија и правилници за работата на градинката „Детска радост“. Советниците го усвоија и извештајот за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2018 година и одлуката за изготвување на пречистен текст на Статутот на општина Струмица.