Одлука за поништување на постапка за јавна набавка

Општина Струмица, корисник на Грант со број на Договор за донација РД-02-29-163/12.07.2019, референтен број CB006.2.21.143 (Водечки Партнер – ПП1) во рамки на проектот „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил” на 10ти Декември, 2019 година објави тендерска постапка за изведба на градежни работи. Крајниот рок за поднесување на понудите беше 10ти Јануари, 2019 година (референтен број CB006.2.21.143 – PP1/04).

Согласно информациите и критериумите утврдени во документите за тендерската постапка т.е. документот Упатство за понудувачите:

Точка 3. Увид на лице место

Задолжителен увид на лице место ќе се одржи на 13.12.2019 (12.00 часот по локално време). Собирно место ќе биде општинската зграда (ул. „Благој Јанков – Мучето” бр. 37 (Дом на АРМ), општина Струмица. Претставник на општината ќе состави листа за присуство на сите присутни лица.

Опис:

Согласно барањата, увидот на лице место беше задолжителен за сите заинтересирани понудувачи. Меѓутоа, поради технички и административни проблеми, увидот не се одржа. Поради тоа Договорниот Орган – Општина Струмица донесе одлука за поништување на тендерската постапка.

Договорниот Орган ќе објави нова тендерска постапка во рамки на овој проект, со нови документи за тендерската постапка (ново тендерско досие) кои ќе бидат објавени на порталот за корисници на Програмата.