Советот го усвои општинскиот буџет за 2020 година

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 31-та седница на која беше усвоен буџетот на Општината за 2020 година. Според градоначалникот Коста Јаневски овој буџет е насочен кон поддршка на растот и напредокот на Струмица, создавање подобар квалитет на живот на сите граѓани и кон подобрување на нивото на општинските услуги од сите области.