На напуштањето на седницата на Советот на општина Струмица од страна на советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, реагираше секретарот на општината, Кирил Парталов.
Интегрален текст од реакцијата: Денешното напуштање на седницата на Советот на општина Струмица на советниците од ВМРО ДПМНЕ го сметаме за неиздржан и непромислен потег кој е во функција на замајување на струмичката и македонската јавност. Да, точно е дека градоначалникот не присуствуваше на денешната седница и на некои други седници пред тоа. Тоа не е тајна, како што не е тајна дека тој како претседател на опозицијата води исклучителна тешка битка во крајно сложена политичка состојба во која се наоѓа Република Македонија. Мора сите да разберат дека интересите на Македонија и нејзините граѓани се од примарно значење во овој тежок момент. А за тоа како се трошат буџетските пари во општина Струмица им е совршено јасно и на граѓаните но и на советниците од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи општина Струмица беше и останува најтранспарентна општина во Република Македонија. На советниците од опозициската ВМРО ДПМНЕ само им порачувам да направат разлика, каква беше општина Струмица во 2005 година, а каква е денес, и тоа без ниту еден денар задолжување.