Со многу маски, сите убаво осмислени и во прекрасна атмосфера, се одржа традиционалниот маскембал на кој беа избрани принцот и принцезата на овогодишниот Струмички карневал. Честа да бидат во кралската свита на Струмичкиот карневал 2008 им припадна на струмичаните Елена Милушева и Горан Сапунџиев.
„Ако утрото денот го краси, и нашиот маскенбал ќе ни ја краси главната карневалска вечер, односно и таа ќе се надмине себеси и ќе докаже дека Струмица има срце за Струмичкиот карневал“, рече Александар Цицимов, претседателот на градски комитет на FЕCC.
После успешниот маскембал организаторите на Струмичкиот карневал – Градскиот карневалски одбор – се оптимисти дека годинава ќе се случи најдоброто издание на Струмичкиот карневал.