Традиционалниот детски карневал од Струмичкиот карневал секогаш се одржува на христијанскиот празник Прочка. Голем број деца под маски, со креации и анимации на своите јунаци од цртаните филмови, принцези, невести, цвеќиња и друго, дефилираа во центарот на градот. Најмладите струмичани потврдија дека Струмичкиот карневал има блескава иднина.