Одговор на Градоначалникот на општина Струмица на демантот на Министерството за транспорт и врски на РМ

“Министерството за транспорт и врски со вчерашниот демант на мојата прес-конференција, истовремено само по себе СЕ ДЕМАНТИРАШЕ” се вели во одговорот на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев надополнет со аргументи и прилози кон изнесеното.
 
Почитувани,
Дозволете ми, во неколкуте аргументи и прилози да Ви го потврдам фактот дека Министерството за транспорт и врски со вчерашниот демант на мојата прес-конференција, истовремено само по себе СЕ ДЕМАНТИРАШЕ.
1. Имено, во членот 5 од истата Уредба која што ја споменуваат, се вели дека – ЗАПОЧНАТИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ОТТУЃУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ, ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СОГЛАСНО ТАБЕЛАРНИОТ ПРЕГЛЕД КОЈ ВАЖЕЛ ВО ВРЕМЕТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО.
 
БАРАЊЕТО Е ПОДНЕСЕНО ВО ОКТОМВРИ 2007 год.
 
2. На 27 ноември 2007 год., Министерството за транспорт и врски, ВЕЌЕ ЕДНАШ ЈА ИМА ОБЈАВЕНО ПРОДАЖБАТА НА ИСТАТА ЛОКАЦИЈА ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 100 ден. за м2.
 
3. На 12.02.2008 год. Министерствот за транспорт и врски ПРОДАДЕ ПАРЦЕЛИ ПО 100 ден. за м.кв. КОИ СЕ НАОЃААТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА И СЕ ОД СОСЕМА ИСТ КАРАКТЕР КАКО И ОВИЕ.
 
4. На 9.11.2007 од страна на Министерот за странски инвестиции, на странските инвеститори, ПИСМЕНО им е ПОНУДЕНО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 100 ден.за м.кв. СО ТОА ШТО, СЕКОЈ НАРЕДЕН ЧЕКОР НА ЛИЦИТАЦИЈА ЌЕ ЧИНИ 10 ДЕН.
 
5. Во членот 40 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, јасно стои дека – КОГА НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ НЕМА УЧЕСНИК, ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ СЕ ПОВТОРУВА, ПРИ ШТО ВРЕДНОСТА НА НЕДВИЖНАТА СТВАР СЕ НАМАЛУВА ЗА 20%.
 
Горенаведеното е само дел од големата потврда за големата ароганција и несериозност на Министерството за транспорт и врски на РМ кон сите странски инвеститори кои имаат намера да инвестираат во Р.Македонија, а посебно голема потврда за селективната политика од страна на Владата на РМ кон Општина Струмица чиј градоначалник е потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ваквата, веќе потврдена во многу прилики, антиекономска политика, не претставува ниту влез за во НАТО, а најмалку за долгоочекуваната Европска Унија.
 
Со почит,
Градоначалник на
Општина Струмица
Зоран Заев