Струмица е една од петте одбрани општини во Македонија каде ќе се спроведе проектот Форуми на заедницата. На 27-март 2008год. се одржа првата средба на претставниците од ЦИРА и општина Струмица со граѓаните. Она што е интересно и за прв пат ќе се случува е што граѓаните ќе одлучат каде и за што ќе се употребат парите. Општина Струмица доби четири милиони…
Струмица е една од петте одбрани општини во Македонија каде ќе се спроведе проектот Форуми на заедницата. На 27-март 2008год. се одржа првата средба на претставниците од ЦИРА и општина Струмица со граѓаните.
Она што е интересно и за прв пат ќе се случува е што граѓаните ќе одлучат каде и за што ќе се употребат парите.
Општина Струмица доби четири милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка(СДЦ) и два милиони денари учество на Општината. Шесте милиони се очекува да се употребат во она што им недостасува на граѓаните, а каде и во што ќе се употребат овие средства граѓаните ќе одлучуваат со форумски сесии и гласања.
Ќе има два типа на форуми. Традиционални на кој општините ќе дефинираат неколку теми кои според нивните проценки им причинуваат тешкотии во секојдневниот живот, и е најпотребно да се решат. На првата сесија граѓаните ќе одлучат која од предложените теми им е најважна, и потоа подетално да ја разгледат и разработат на следните форумски сесии.
Тематските форуми значат дека граѓаните се сконцентрираат на една тема во областа на социјалната заштита или заштитата на животната средина и ќе предлагаат решенија кои сметаат дека се најсоодветни за надминување на проблемот.. Се очекува да се реализираат осум форумски сесии на кој ќе учествуваат најмалку сто граѓани. Форумите ќе развијат разновидни проектни идеи, кои ќе се преточат во проекти кои ќе бидат одржливи и ќе имаат видливо социо-економско влијание врз заедницата.
Првата форумска сесија со граѓаните е закажана за 10 април во 12часот во домот на АРМ.