На 28 март 2008 година во ОУ “Герас Цунев” – Просениково се одржа состанок на советодавната група на граѓани – родители на учениците од училиштето, на кој претставници од СВР Струмица, центарот за третман на зависници Св.Елисавета Струмица и ОБСЕ – мисија во Скопје, во соработка со Општина Струмица, презентираа теми од областа на познавањето на…
На 28 март 2008 година во ОУ Герас Цунев – Просениково се одржа состанок на советодавната група на граѓани – родители на учениците од училиштето, на кој претставници од СВР Струмица, центарот за третман на зависници Св.Елисавета Струмица и ОБСЕ – мисија во Скопје, во соработка со Општина Струмица, презентираа теми од областа на познавањето на дрогата и превенцијата.
На состанокот присуствуваа поканети родители од Советот на родители и од родителските одбори по паралелки и одделенија од ОУ Герас Цунев Просениково. Тие пројавија особен интерес за темите:
– Како да ги препознаете знаците на употреба на дрога кај вашето дете и што да сторите
– Дрогата и младите
Овој настан е дел од планираните состаноци на СГГ (советодавни групи на граѓани) кој овозможува пошироко запознавање на граѓаните со одредени проблеми во заедницата.