Поп-пејачот и композитор Ѓорѓи Крстевски вчера пристигна во Струмица во турнејата со велосипед под мотото “Моето име е Македонија”. На градскиот плоштад добредојде му посака Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Струмица беше последна дестинација во вториот ден од турнејата на пејачот Крстевски во која тој ќе посети 15 градови и ќе пристигне во главниот град на 2 Април, денот кога започнува самитот на НАТО. Ѓорѓи Крстевски на првиот човек на општината му подари статуетка со неговото име и мотото на турнејата.