На предлог на советничката група на СДСМ, Советот на општина Струмица на 68 седница донесе заклучок за определување на најниска плата од 8.100 денари во органите на управување и раководење на јавните служби чиј основач е општината.
На 68 седница на Советот донесе:
– одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Центар за развој на југоисточниот плански регион и Повеќегодишна инвестициона програма за воведување штедливи светилки за уличното осветлување во Општина Струмица.
Воедно беа усвоени и:
– Извештајот за работата на Одделението за администрирање на приходи за периодот 01.01.2007 – 31.12.2007
– Извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица во зимски услови за 2007/2008 година;
– Информацијата за состојбата со хоризонталната и вертикалната сигнализација на подрачјето на Општина Струмица – март 2008 година;
Советниците дадоа согласност на:
– Извештајот за работата на Домот за деца и млади “Благој Мучето” Струмица за 2007 година;
– Завршната сметка на Домот за деца и млади “Благој Мучето” Струмица, со финасов извештај за 2007 година;
– Завршната сметка на ЈОУДГ “Детска радост” Струмица за 2007 година;