Учениците од здравствената струка при Средното општинско училиште Димитар Влахов – Струмица го одбележаа Светскиот ден на здравјето со конкретни активности покажувајќи ги на дело стекнатите знаења од струката. Во холот на училиштето, со помош на нивните професори, организираа здравствени прегледи за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвен притисок наменет за учениците и професорите…
Учениците од здравствената струка при Средното општинско училиште Димитар Влахов – Струмица го одбележаа Светскиот ден на здравјето со конкретни активности покажувајќи ги на дело стекнатите знаења од струката.
Во холот на училиштето, со помош на нивните професори, организираа здравствени прегледи за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвен притисок наменет за учениците и професорите.
Учениците испратија пораки до надлежните институции и Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Градоначалникот им се заблагодари на пораките по повод Светскиот ден на здравјето и изрази надеж дека учениците од здравствената насока при СОУ Димитар Влахов својата професионална иднина ќе ја посветат на животната иднина на струмичани и на нивното здравје.
“Ако среќен човек е здрав човек, тогаш Ви посакувам да бидете среќни цел живот” им порача Градоначалникот Заев.