Заврши уредувањето на шесте нови детски игралишта во Општина Струмица. Игралиштата се распоредени на повеќе локации во Струмица и тоа на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров), детско игралиште кај пазарот Чешел, детско игралиште Шпики, игралиште на улица Брака Миладиновци бб (во дворот…
Заврши уредувањето на шесте нови детски игралишта во Општина Струмица. Игралиштата се распоредени на повеќе локации во Струмица и тоа на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров), детско игралиште кај пазарот Чешел, детско игралиште Шпики, игралиште на улица Брака Миладиновци бб (во дворот на детската градинка кај Црвен Крст), игралиште на ул. Младинска бр.1 (во дворот на централната детска градинка) и на улица Маршал Тито кај новиот булевар кој е во фаза на изградба.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го посети игралиштето на улица Младинска бр.122 (во дворот на детската градинка кај ОУ Никола Вапцаров) и рече:
“Како составен дел од програмата за уредување на градежното земјиште за оваа година со средства од Буџетот на општина Струмица ги репариравме постојните детски игралишта и изградивме шест нови. Се надевам дека овие игралишта ќе бидат максимално искористени во текот на овој пролетен период и ќе бидат задоволство на најмладите членови на нашата заедница”.
Во склоп на активностите од оваа област минатата недела беа набавени нови играчки за децата во сите детските градинки во вредност од 300.000 денари. Најмладите струмичани добија современи играчки во согласност со пропишаните нормативи за играчки и согласно возраста за деца на возраст до 2 години, од 2 до 4 години и играчки за деца од 4 до 6 години.