По повод 19 Мај, Светскиот ден за борбата против Хепатитис Б и Ц, Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман „ХЕПТА„ денес на плоштадот „Гоце Делчев„, му додели Благодарница на Зоран Заев, Градоначалник на општина Струмица за особено залагање во здравствената едукација на граѓаните на општина Струмица…
Во рамките на Кампањата под мотото „ДАЛИ СУМ И ЈАС БРОЈОТ 12„ Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман „ХЕПТА„ ги спроведуваше активности со цел информирање и едукација на граѓаните на општина Струмица за се поголемата опасност од заразни заболувања, посебно Хепатитис Б и Ц.
На Зоран Заев, Градоначалникот на општина Струмица за својот особен допринос и залагање за успешно спроведување на кампањата, му беше доделена Благодарница.