Oколу 400 средношколци од трите средни училишта од Струмица точно напладне танцуваа на градскиот плоштад на музика од Штраус. Танцот траеше 6 минути и 18 секунди. Матурантите од Струмица заедно со своите врсници од европските градови изведоа синхронизирано танцување на танцот Квадрил од штраусовата опера Лилјакот….
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги поздрави матурантите неколку минути пред почетокот на историскиот предизвик со кој струмичките матуранти заедно со своите врсници од неколку европски градови ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
“Струмица со сите свои белези на современ град кој тежнее кон европските вредности го заслужува своето место на светската мапа за одржување на овој чудесен спектакл. Драги матуранти, Гледајќи ве така млади, стројни и убави и верувајќи дека од вас извира препознатливиот струмички темперамент убеден сум дека со својот танц ќе испратите топла порака со многу љубов до младите луѓе од сите мердијани да се знае дека Струмица пулсира во ритамот на современиот живот кој го диктираат младите. Бидете горди што на ваков начин го одбележувате испитот на зрелоста, бидете горди што сте дел од овој европски танц, бидете горди оти и Струмица се гордее со Вас. Честитајќи ви го матурирањето ви посакувам со помош на Квадрил да влезете во Гинисовата книга на рекорди и тоа да биде еден од убавите спомени во Вашиот живот. Танцувајте со лесен чекор и со ист таков чекор зачекорете во вашиот иден живот прифаќајки ги успешно сите предизвици што тој ги носи.”
Истовремено танцуваа матурантите и во Словенија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора. Покровител на оваа манифестација беше Градоначалникот на општина Струмица.