Денес, Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев ги предаде реновираните и опремени (со компјутери) простории на Тренинг Центарот за обука на високообразовани небработени кадри кој ќе функционира во рамките на Институтот за Применета Технологија -Општина Струмица…
На свеченото отварање на Тренинг Центарот беа поканети и присуствуваа студентите кои ќе ги посетуваат овие обуки, тренерите кои ќе ги спроведуваат, претставници од локалната самоуправа и медиумите, претставници од бизнис секторот, а присуствуваа и голем број на заинтересирани граѓани од општината.
„Овој Тренинг Центар ќе биде отворен пред се за струмичкото стопанство за сите бизнисмени кои ќе сакаат да подготват свој стручен кадар за идни манаџери, помошни директори, раководители на одделенија…“ порача Градоначалникот Зоран Заев и им посака успешна работа на сите кои ќе ги посетуваат овие обуки.
Проектот е финансиран од Европската агенција за реконструкција.