Проект „Отстранување на кучињата скитници“

Во рамките на Програмата за решавање на проблемот со кучињата скитници на територија на Општина Струмица, во тек е реализација на проектна активност „Отстранување на кучињата скитници од Општина Струмица“. Сите кучиња скитници кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните на Општина Струмица, според препораките на Светската…

Во рамките на Програмата за решавање на проблемот со кучињата скитници на територија на Општина Струмица, во тек е реализација на проектна активност „Отстранување на кучињата скитници од Општина Струмица“. Сите кучиња скитници кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните на Општина Струмица, според препораките на Светската организација за заштита на животните, во периодот кој следува систематски ќе бидат отстранети од улиците на Струмица, применувајќи го моделот за хуман третман на животните. Граѓаните на Општина Струмица можат да пријавуваат појава на кучиња скитници или одредени состојби поврзани со нив на телефоните:
075/ 205 342, 070/ 738 850
Кучињата скитници отстранети од улиците на општината, извесен временски период ќе бидат згрижувани во специјалното прифатилиште се до моментот на исцрпување на сите можности за посвојување. Доколку се работи за заловени домашни миленици, граѓаните преку соодветната служба ќе можат да си ги подигнуваат од прифатилиштето. Сите направени дополнителни трошоци за нивното времено згрижување се на терет на сопствениците. Заради успешна реализација на овој проект потребно е сите граѓани на Општина Струмица да соработуваат со соодветната служба задолжена за овие активности.