Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во рамките на реализацијата на проектот „Одржлив развој и самовработување на телесно инвалидизирани лица“, ја стави во функција првата заштитна работилница за пакување на кристални производи и шеќер во рамките на ЗТИЛ Струмица „МЕСИЈА“.
Оваа Заштитната работилница е реализација на партнерска соработка помеѓу Општината, Центарот за одржлив развој „Порта“ од Струмица и ЗТИЛ Струмица, во насока на градење на капацитетите и вештините на телесно инвалидизираните лица, заради нивно вработување, самовработување и осамостојување.
Технолочкиот процес во Заштитната работилница започна со отпочнување на работата на машините за пакување на шеќер во пакување од 5-20 гр, машината за пакување на ситнозрнести производи во пакување од 5 -20 гр и машината за производство на пластични лажички.
Во Заштитната работилница за почеток свое вработување обезбедија 5 телесно инвалидизирани лица од Општина Струмица.