Општина Струмица, денеска, ја одбележа 113-годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Одбележувањето се одржа пред споменикот на Делчев на истоимениот плоштад, каде со полагање свежо цвеќе почит му оддадоа претставници на Советот на општина Струмица, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, политички партии, јавни институции и здруженија на граѓани.