Во текот на месец април до општинскиот сервис „Систем 48“, биле евидентирани 183 пријави од граѓаните за проблеми од повеќе области. Од нив решени се 164, а останатите 19 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“, односно, 95 се од областа на уличното осветлување, 41 од областа на собирање смет, 8 од водовод и канализација и исто толку од паркови и зеленило.Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.