Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, денеска, пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк, го одбележаа 9-ти мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. Зборувајќи за значењето на овој ден, градоначалникот Заев порача дека треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата кои сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и државноста за, како што рече, да и покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат за да обезбеди влез во големото европско семејство.„Нашава земја веќе 25 години од својата самостојност го сонува европскиот сон со тенденции да стане дел од големото европско семејство. Иако Македонија е земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година се уште нема добиено датум за почеток на преговори со ЕУ и покрај препораките од Европската комисија.