Продолжува воспоставената соработка меѓу општина Струмица и општина Груец од Полска. На традиционалното одбележување на празникот на јаболковиот цвет во оваа полска општина присуствуваа Панче Беџовски од одделението за локален економски развој при општина Струмица и Ацо Манински од здружението на граѓани „Евро-визија“.
На ова одбележување на празникот, општина Струмица се претстави со изложба од нашата најголема традиционална културна манифестација – струмичкиот карневал. Изложени беа 50 фотографии селектирани од карневалските изданија во 2014 и 2015 година. Пред присутните меѓу кои беа и градоначалникот на Груец, Бурмиш Столарски и македонскиот амбасадор во Полска, Панче Беџовски ја претстави општина Струмица и ги пренесе поздравите од градоначалникот Зоран Заев, а Ацо Манински ја претстави изложбата и зборуваше за значењето на струмичкиот карневал.Струмица и Груец во 2012 година потпишаа Меморандум за соработка во областа на економијата, културата и спортот. Во рамките на досегашната соработка остварени се повеќе средби на различни нивоа.