Проектот за реконструкција на локaлитетот Цареви Кули, во рамките на Програмата за прекугранична соработка со општина Петрич, Р. Бугарија, финасиран од Европската агенција за реконструкција и средства од општинскиот буџет, овој месец заврши…
Завршувањето на првата фаза од Проектот за реконструкција на локaлитетот Цареви Кули во рамките на Програмата за прекугранична соработка со општина Петрич од Р. Бугарија, финансирана од Европската агенција за реконструкција и сопствени средства на општината, беше одбележан со пригодна програма на самиот локалитет.
Интересот на овие две општини е возобновување на два локалитети (тврдината Самоилова крепост во општина Петрич, и Цареви Кули во општина Струмица кои ќе претставуваат нови туристички дестинации, интересни како за нашите граѓани, така и за странските посетители.
За реализација на овој проект, Европската агенција за реконструкција одобри грант во висина од околу 288.000 евра, останатите 160.000 евра беа средства обезбедени од општинскиот буџет.