Колегијална посета во рамките на програмата Етика на Локално ниво и проектот, Лидерски стандарди и најдобри практики

Во периодот од 06.10 до 09.10 Општина Струмица е дел од Колегијалната посета на Тимот за евалуација во рамките на Програмата Етика на Локално ниво и проектот, Лидерски стандарди и најдобри практики  во реализација на ЗЕЛС со поддршка на Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција, Советот на Европа и Министерството за локална самоуправа.

Во овој проект  Општина Струмица се внесе со особен  предизвик заради можноста самокритички да го оцени нивото на своето транспарентно работење и истото да го зајакне преку остварувањето на шесте стандарди за добро раководење.

Намерата Општина Струмица да се гради како потранспарентна, поефикасна и почесна општина ја пробуди нашата храброст да бидеме дел од оваа програма за да покажеме пред домашниот и меѓународниот фактор дека досегашното наше работење покажува извесно ниво на етичност и транспарентност.

Мислата дека општината треба да биде сервис на граѓаните е нашата единствена водилка во нашето секојдневно работење со единствен стремеж кон што поефикасно и  побрзо исполнуване на задачите од шесте стандарди опишани во програмата Етика на
Локално ниво.
Развојниот тим како и целата општинска администрација целосно се ставија во функција на вистински самокритичари кога беше во прашање етичноста и транспарентното работење на општината.
Тоа и вроди со плод, Општина Струмица беше наградена како една од најдобрите во шесте стандарди посебно покажувајќи највисоко ниво во стандардот професионалност.
Наградата студиско патување во Полска, за Општина Струмица значеше искуство повеќе и секако позитивна практика од каде научи доста елементи  од етичното и транспарентно работење на локалните самоуправи.
Сето тоа  Општина Струмица го идентификува како особено значајно во нашето понатамошно работење и функционирање и затоа направи максимални напори да ги исполни сите задачи во рамките на стандардите:

Транспарентност
Нулта толеранција
Учество на граѓаните
Професионалност
Отчетност
Добро раководење

Колегијалниот Тим на крајот на работната посета на Општина Струмица ќе се произнесе со извештај за нивото на транспарентно работење на општината, кој треба да  значи пример за другите општини.