Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани!
И оваа недела Општина Струмица бележи бројни активности во сите свери на делување за кои во оваа прилика ве известуваме, се со цел Ваша целосна и точна информираност.
Информираме дека од градежните работи, оваа недела е завршено бетонирањето на дел од улицата Атанас Караман, изграден е тротоарот на улицата Гоце Делчев и отпочнато е обележувањето на улиците во градот, односно, се отпочна со хоризонталната сигнализација на градските улици.
Истовремено привршува и асвалтирањето на улица Климен Охридски на потегот од кружниот тек према Добрејци.
Градежните работи за уредување на Булевар Климент Охридски, изградбата на канализација во село Муртино, како и изградбата на тротоарот на улица Младинска продолжуваат со ист интензитет, заради што ги молиме граѓаните кои живеат во овие делови за разбирање и трпение.
Понатаму!, сакаме да информираме дека Одделението за урбанизам во изминатиот период ги донесе деталните урабинистички планови за блок 25 и 26, а завршена е и нацрт фазата и јавната анкета за Блок 41 (кај Грозд), нацрт фазата од Блок 14 (меѓу Ката Поцкова и Климент Охридски) и Блок 39 и 40 (во месноста Софилар), а при крај е и изработката на деталните планови за блок 42 – краварник и блок 19 кај Лук оил.
Исто така, привршува реконструкцијата и адаптацијата на просториите во Секторот за урбанизам и комунално работење и Одделението за администрирање на даноци и приходи, се со цел услугите за граѓаните да бидат испорачувани на принципот на едношалтерски систем.
Заради што по транспарентно работење на општинската администрација, ги информираме граѓаните дека на влезот на Општинската зграда поставена е табла со информативни летоци за видот на услугите кои можат граѓаните да ги добијат во Општина Струмица. Истите, граѓаните можат да ги видат и на официјалниот општински вебсајт.
Во таа насока, во рамките на Програмата „Етика на локално ниво “ и практичната имплементација на проектот „Кон транспарентна општина“ од ЗЕЛС и Европска Унија, преку Европската агенција за реконструкција и Советот на Европа, Општина Струмица, од страна на Комисијата за проценка на нивото на етичко и транспарентно ниво, согласно пропишаните шест стандарди од Советот на Европа, во неофицијалниот извештај беше отценета со висока оценка која го отсликува петото највисоко ниво на професионална општинска администрација.
Почитувани граѓани!
Ве информираме дека Општина Струмица, во соработка со Младинскиот Совет Струмица и Италијанскиот Културен Центар „Џакомо Леопарди“ во рамките на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ”, оваа недела го имплементираат проектот „Размена на Културни вредности и искуства“, „Пилот – активности за едукација и култура“ – Одобрен и поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија, ИМГ и Владата на Република Италија.
Во рамките на овој проект, висока делегација, заедно со петнаесет ученици од Пјаченца Република Италија, деновиве се гости на Струмица и Струмички семејства.
Во рамките на овие активности, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во Македонија г-дин Донатино Маркон, потврдувајки ја заедничката заложба за меѓуопштинска и меѓудржавна соработка на секое поле.
Почитувани!
Втората свечена конститутивна седница на Детскиот парламент беше уште една потврда дека децата и младите од општината се со сериозни намери да бидат рамноправни партиципиенти во креирањето на општинските и државните политики.
Во рамките на истата, Градоначалникот на општината, им даде до знење дека тие се оние кои ќе одлучат на кои приоритети ќе ги потрошат 4те милиони денари кои им се ставени на располагање. Таквиот поозитивен пример од страна на Советот на Европа беше оценет како една од најпозитивните практики на демонстрирање на демократија, со препорака, таквиот модел да биде практикуван и во сите општини од државата.
И за крај!
Уште една успешно завршена неделна активност. Вчера, со свеченото доделување на дипломи на студентите кои посетуваа обуки за информатичко усовршување, заврши првата фаза од проектот “Институт со примената технологија и менаџмент.
Тука не застануваме, Овој проект продолжува. Овие денови е во тек уписот на новите студенти кои ќе имаат можност да следат настава, односно обуки за менаџмент и информатичка техлогија, со цел нивно доосовршување, заради поголемо вреднување на пазарот на трудот.