Во рамките на манифестацијата „8-ма Недела на италијанскиот јазик во светот, во периодот од 21.10.2008 до 25.10.2008 година, Општина Струмица реализираше низа активности, во насока на подобрување на културните и други вредности меѓу двете пријателски општини и држави.
Манифестација отпочна со прием на Висока делегација од Република Италија, предводена од Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Неговата екселенција Г-динот Донатино Маркон, од страна на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
На средбата беше потврдена заедничката заложба за мегуопштинска и меѓудржавна соработка на секое поле.
Во рамките на обележувањето на неделата на италанскиот јазик во светот беше и отпочнувањето на имплементацијата на проект „Размена на Културни вредности и искуства“, „Пилот – активности за едукација и култура“ – Одобрен и поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија, ИМГ и Владата на Република Италија.
Овој проект се реализира во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица, Младинскиот Совет Струмица и Италијанскиот Културен Центар „ Џакомо Леопарди “ и во рамките на истиот петнаесет ученици од Пјаченца, Република Италија, деновиве беа гости на струмичките семејства.