Денес Општина Струмица се здоби со сертификат ISO14001-2004 и со тоа стана втората Општина на Балканот после Општина Центар во Сараево(Република Босна) која го поседува овој сертификат. Со тоа општината е збогатена со уште еден систем, кој се однесува на Управување со Околината (EMS) и политиката на општина Струмица за да обезбеди висок квалитет на програмите за управување со околината.
Општина Струмица со овој сертификат обезбедува механизам за управување со околината во сите одделенија, како и механизам за управување на подрачјето на општина Струмица и континуирано подобрување и заштита од загадување, како и заложба за задоволување на релевантната околинска легислатива, регулативи и други барања. Ги покрива околинските аспекти (директни и индиректни) кои можат да бидат контролирани од страна на општинските органи и директно да бидат управувани, како и оние кои не е можно да бидат директно контролирани но се очекува општината да влијае на решавање на истите.
Стандардот ги почитува начелата за управување со Околината, кои ги применуваат успешните организации во светот и е дел од добрата деловна пракса.