На 29.11.2008 година во просториите на Дом на АРМ се одржа третата и последна работилница од проектот „Подготовка на пишани политики и процедури за намалување на ризиците на прифатливо ниво“, организирана од страна на Здружението на финансиски работници (ЗФР) и Холандс…
На 29.11.2008 година во просториите на Дом на АРМ се одржа третата и последна работилница од проектот „Подготовка на пишани политики и процедури за намалување на ризиците на прифатливо ниво“, организирана од страна на Здружението на финансиски работници (ЗФР) и Холандската Развојна Агенција (SNV).
На оваа последна работилница се изврши ревизија на документите што ги изработија вработените од општинската администрација, со цел да се дефинираат клучните ризици, за да се постигне максимален ефект од изготвувањето на Стратегијата чија „драфт“ верзија ќе излезе кон крајот на декември 2008 година или почетокот на јануари 2009 година.
Уште еднаш да нагласиме дека општина Струмица ќе биде прва општина која ќе има Стратегија за превенција од ризици, а тоа е документ кој содржи основни цели и насоки при превземањето и управувањето на ризиците и која ќе биде составен дел од деловното работење на општината.
За изработката на стратегијата и воопшто во подготовката и помагањето на целиот проект, освен вработените во општинската администрација, беа вклучени:
-проф. Д-р. Томе Неновски-експерт по управување со ризици;
-Бранислав Гулев-претставник од Државниот Завод за Ревизија;
-Максим Ацевски-претставник од Државниот Завод за Ревизија.