На површина од околу 10 ха на локалитетот „Еленица” над градот Струмица беа засадени околу 20.000 дрвца, чемпрес и багрем.
По дождливо време оваа локација ја пошумуваше Општинската администрација, вработените во институциите на системот, учениците, граѓаните и сите оние кои изразија желба да бидат дел од истата.
Акцијата „Дена на дрвото – засади ја својата иднина“ беше поддржана од ЈПКД Комуналец Струмица и од Македонски шуми-подружница Струмица.
Започнувањето на акцијата беше одбележано со засадувањето на дрвце од страна на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.