Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за 23.12.2008год. (вторник) во 11.00 часот.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
ЈА СВИКУВАМ седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 23.12.2008 год.(вторник). Седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
Д н е в е н р е д
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства во Буџетот на општина Струмица;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2009 година во Општина Струмица;
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2009 година;
- Предлог- Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог-Одлука за одржување на јавната чистота во општина Струмица;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финасиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во општина Струмица за 2009 година;
- Предлог – План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи за 2009 година;
- Предлог-Програма за работа на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица во 2009 година со годишен план за настава и обука;
- Предлог-Одлука за проект од областа на образованието;
- Извештај за реализација на Струмичкиот карневал во 2008 година;
- Предлог-Програма за подготовка на Струмичкиот карневал во 2009 година;
- Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план за дел од блок бр. 14 во Струмица;
- Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план за делод блок бр. 4 во Струмица;
- Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план за дел од блок бр.3-А во Струмица;
- Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план за дел од блок бр. 33-2 во Струмица;
- Предлог за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД “Комуналец” за 2009 година;
- Предлог за давање согласност на Одлука на УО на ЈПКД “Комуналец” Струмица” за прераспоредување на надоместокот за изнесување на смет од домаќинствата.
- Информација за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата, со дополнителни информации од СВР Струмица;
Напомена: Предлог-Буџетот и Предлог-Одлуката за извршување на буџетот за 2009 година Ви се доставени во електронска форма со допис бр. 07-6021/1 од 03.12.2008 година. Предлог-Програмите за развој што се составен дел на Буџетот, со исправки на техничките грешки Ви се доставени со допис бр. 07-6021/2 од 28.11.2008 година. Дополнително Ви се доставуваат и со материјалот за оваа седница.
Увид во Нацрт-деталните урбанистички планови што се предмет на дневен ред, може да се изврши во Одделението за урбанизам при Секторот за урбанизам и комуналии на општина Струмица
Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов