Денеска дел од вработените во Општина Струмица и дел од населените места Банско и Габрово(каде што има природни ресури и услови да се развие селскиот туризам) беа во посета на с.Брајчино – Ресенско каде што беа поканети за да се види веќе развиенот селски туризам.
Во с.Брајчино беа посетени неколку куќи кои што се уредени во старско – македонски стил и исто така посетија ресторан кој беше уреден автентично како старите селски куќи.
Во ресторанот се служеа специјалитети препознатливи за овој Ресенски крај.
Селскиот туризам е доста развиен во овој крај и е многу посетен од странски туристи.