На 17.12.2008 година, во просториите на основното училиште „Даме Груев“-Куклиш, за членови на родителските одбори од паралелките, беше одржана едукативна работилница „Превенција од дрога“. Во организација на мисијата на општина Струмица, МВР-Струмица-одделение за превенција и мис…
На 17.12.2008 година, во просториите на основното училиште „Даме Груев“-Куклиш, за членови на родителските одбори од паралелките, беше одржана едукативна работилница „Превенција од дрога“.
Во организација на мисијата на општина Струмица, МВР-Струмица-одделение за превенција и мисијата на ОБСЕ-канцеларија во Скопје, на родителите им беа презентирани статистички податоци од злоупотребата на дрогата, видовите на дрога кои се користат на територијата на државата, дејствувањето од злоупотреба на дрога, препознавањето на знаците на користење наркотични средства и други информации од таа област.
На родителите им беа поделени информатори за тоа како да се однесуваат и од кого да побараат помош во случај на дознавање на вистината дека нивното дете или детето на близок роднина или пријател започнало да се однесува чудно, непрепознатливо, да користи чудни средства за „смирување“, односно кога ќе се посомневаат дека се работи за злоупотреба на дрога.
Презентацијата беше извршена од страна на стручни лица од МВР-Струмица-одделение за недозволена трговија со дрога, Центарот за третман на зависници „Св. Елисавета“-Струмица и претставник од општина Струмица.
Подржувајќи ги овие активности, општина Струмица ќе продолжи да соработува и остварува средби со Советите на родители од основните и средните училишта од Струмица и на различни теми и области да одржува едукативни работилници, предавања и други средби од интерес на воспитно-образовниот процес, инфраструктурната поставеност во училиштата и квалитетот во образованието.