Општина Струмица и Младински образовен форум, започнуваат со реализација на проектот “Развој на локална младинска политика“. Во рамките на овој проект претставници на младинските НВО од Општина Струмица и претставници на локалната самоуправа заеднички ќе работат на изготвување на локална младинска стратегија.
На процесот ќе му претходи циклус обуки за јакнење на капацитетите на НВО и ЕЛС во делот Европски младински трендови, Фондови за младински проекти, системи за соработка помеѓу локалната самоуправа и младинските НВО по однос на заедничко идентификување, решавање и имплементирање на решенија на младинските проблеми.
За таа цел, Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани младински невладини организации да земат учество во реализацијата на овој проект преку пријавување на претставници. Рокот за пријавување трае до 30 Јануари 2007.
За Подетелен опис на проектните активности контактирајте со Одделението за Локален економски развој при Општина Струмица на телефон 034/340-224 или на lersr@strumica.gov.mk