Општина Струмица започна со реализација на проектот “Социјална инклузија за малцинствата”. Проектот ќе трае 4 месеци и во целост е поддржан од Градоначалникот на општина Струмица со средства на општинскиот буџет. Овој проект ќе опфати 60 до 100 деца од основно образование од Турска и Ромска националност, кои ќе посетуваат часови по англиски јазик и информатика. Целта на проектот е на овие деца да им се овозможи следење на наставата на повисоко ниво заедно со останатите деца.