Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето на 135-годишнината од раѓањето на Апостолот на Македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство Гоце Делчев што ќе се реализираат на ден 04.02.2007 година (недела) со почеток во 10.00 часот пред споменикот на истоимениот плоштад во Струмица.