Објавен ЈАВЕН ПОВИК за вклучување на трговски друштва во проектот ЕМY (фаза 2). Со цел поттикнување на вработувањето на млад кадар, Општина Струмица реализира проект за посредување и поврзување на правните субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар и невработени млади лица.
Интерес за учество во проектот можат да најават сите заинтересирани трговски друштва (регистрирани компании), невладини организации, јавни претпријатија и институции на територијата на Општина Струмица
Постапка за користење на проектните услуги:
– Прибирање на интересот за користење на волонтери
– Специфицирање на потребата за стручен кадар
– Селекција на соодветни кандидати
– Потпишување на договор
– Реализација на волонтерската пракса во период 12.03 до 12.06.2007 година.
Најавата на интересот за соработка се поднесува со испраќање на писмо или директно во канцеларијата на проектот на адреса:
Општина Струмица
Лице за контакт: Тања Кљанкова
Ул .Сандо Масев бр:1;
Тел/факс:034/340-224;Краен рок за пријавување на потребата за ангажирање на волонтери е 5 дена од објавување на повикот.