Здружението на граѓани љубители на историјата, археологијата, историјата на уметноста и хералдиката Аквила Ауреа Македоника со подршка на Општина Струмица и IMG ја отвори првата туристичка инфо точка – сувенирница во Струмица.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им честиташе на членовите на Аквила Ауреа Македоника и им посака што поголем број на туристи да го посетаат овој објект и да ги добиваат вистинските информации за Струмица.
Во сувенирницата, која се наоѓа на Плоштадот Гоце Делчев, може да се најдат сите пропагадни материјали од Општина Струмица и тоа: туристички водич, разгледници, мултимедијално ЦД, мапа на градот како и разни сувенири од историјата на градот и Македонија.