Над 30.000 луѓе низ улиците на Струмица ја проследија Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Почетокот на карневалот беше означен со спектакуларен огномет во траење од 15 минути. Во карневалската поворка продефилираа над 3000 маскирани групи и поединци од Македонија, Бугарија и Србија.
Забавата продолжи во струмичките кафулинја до раните утрински часови. За одбележување е и дека според извештајот на МВР – Струмица во текот на вчерашниот ден не се случи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир.