Со посетата на карневалската група од Петрич започна проектот „Од луѓе за луѓе“

Со посетата на карневалската група од Петрич – Република Бугарија започна реализацијата на проектот за прекугранична соработка “Од луѓе за луѓе”. Во рамките на овој проект е предвидено на сите културни манифестации кои ќе се реализираат во текот на оваа година во Струмица и Петрич да учествуваат групи од двете прекугранични општини.