Вчера Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев прими над 100 гости и тоа претставници на дипломатскиот кор, претставници на FECC, Градоначалници, Пратеници во Собрането на РМ, претставници на политичките партии, претставници на јавниот, невладиниот и бизнис сектор.
Дипломатскиот кор го предводеше Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија г-динот Ерван Фуере.
Сите гости добија пригодни подароци од Општина Струмица а во 18.30 часот заедно се упатија кон плоштадот Гоце Делчев да ја проследат Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007.